Притвор за постарата ќерка од семејството Поцеста осомничена за убиство на своите родители и сестра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство во врска со убиството на А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во врска со „убиство“.

Б.П., Ф.Г. и В.К. се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа, соопшти МВР.

Повеќе медиуми на албански јазик, меѓу кои и порталот Zhurnal.mk , претходно известија дека можен убиец на тричленото семејство Поцеста, мајката, таткото и помалата 13 годишна сестра, е нивната ќерка и сестра 28 годишната Б.П.

 

Fotо: Убиените Амид, Назмие и Анила Поцеста