Притвор за Харадинај во Франција

 

Францускиот апелациски суд  одлучи  Рамуш Харадинај да остане во притвор додека   Србија не упати официјално барање за негово испорачување, пренесува Ројтерс.  Во српското Министарство за  правда за српските медиуми велат дека тие во нјкраток можен рок, барањето со превод на француски ќе го испратат до соодветните органи во Франција.

Приштинските медиуми јавуваат дека  Харадинај во придружба на  француска полиција, се појавил пред обвинител во судот во градот Колмар.

Харадинај беше уапсен вчера на аеродромот во Базел-Мулуз Фрајбург од граничната полиција на Франција, откако тој излезе од авионот со кој долета од Приштина.

Во меѓувреме , косовскиот министер за надворешни равботи Енвер Хоџај разговараше  телефонски со шефот на  француската дипломатија Жан Марк Еро, за да побара итно ослободување на Харадинај од притвор, омаловажувајќи ги потерниците од Србија за косовските функционери.

Рамуш Харадинај беше уапсен врз основа на меѓународна потерница од 2014 издадена од Србија, во која го обвинуваат за воени злосторства во времето кога беше командант на ОВК.