Прифатен еден приговор на Беса

Сите членови на ДИК гласаа да се прифати приговорот на Беса за гласачко место 0396/11 во Гостивар.Според доказите во поднесениот приговор од партијата злоупотребен е идентитет на Фатиме Сулејмани, а во нејзино име гласал некој друг. За оваа нерегуларност партискиот набљудувач имал забелешка во записникот, што беше доволен аргумент за членовите да го уважат овој приговор.

Во записникот, како што рече претседателот на ДИК Алексадар Чичаковски, има и забелешка дека оваа жена всушност веќе гласала, па затоа не и било дозволено да гласа повторно.

Членовите на ДИК отидоа на пауза, а во меѓувреме ичаковски побара да се повикаат претседателот и членовите на избирачкиот одбор за да се утврди што точно се случило и да се направи увид во Избирачкиот список.

Стручните служби треба да ја донесат гласачката кутија од ова избирачкото место која ќе се отвори во присуство и на изборната комисија.

Сите други приговори на Беса, вкупно 7, се отфрлени.

Откако ќе се вратат од пауза, членовите на ДИК ќе ги разгледуваат приговорите од СДСМ.