Пријателка на мајката објави фотографија од детето тепано од дадилката

Пријателка на мајката на детето кое беше тепано од жената што го чуваше во игротека во населба Аеродром, објави фотографија на која се гледаат модринки и гребнатинки по неговите врат и лице.

Таа тврди дека тоа се последиците од тепањето што беше регистрирано од безбедносната камера во игротеката ,,Дежа Ву“.

Фотографијата е објавена без безбедносна заштита на ФБ профилот на жена која се претставува како пријателка на мајката на детето

Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор за Сител вели дека детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.

По пријавата МВР ја приведе дадилката и таа е задржана во полициска станица се до пробирање на потребната документација.

Од ОЈО информираат дека за случајот постапува јавен обвинител кој во текот на денот ќе донесе одлука за евентуален притвор, иако вчера некои медиуми објавија дека е изречена мерка притвор..

Дадилката Ж.П е на возраст од 59 години, таа скоро една година била ангажирана за чување на тројката.

Случајот беше пријавен од сопственикот на игротеката каде дадилката вчера беше забележана на видео надзор како го тепа детето.