Пријателка на Мијалков ќе одлучува за притворот на неговиот пријател бизнисмен Сеад Кочан

Судијките Моника Бахчовановска, Сафија Лаличиќ и Љубинка Башевска ќе одлучуваат повторно за притворот на осомничениот бизнисмен Сеат Кочан, кој сега веќе е слободен човек откако  Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски во петокот го укина притворот со образложение дека се направени битни повреди на законот при неговото донесување.

Бахчовановска е сопруга на висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски, кој беше на разни раководни и директорски позиции.Лаличиќ ја имаше во „бомбите“ како разговара со Сашо Мијалков за “„сваровски судството“, а Башевска е судијката која го водеше случајот „Пуч“ и одбиваше да го викне единствениот сведок на СЈО, експремиерот Никола Груевски. Таа го одложи случајот на неопределено време.