Пријателот на Груевски унгарскиот министер Сијарто му даде поддршка на Вучиќ

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, беше гостин на вечерашниот митинг на владејачката СНС во Белград.

Тој му даде силна поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека односите меѓу двете зеемји никогаш не биле подобри.

,,Чест е да се биде овде. До пред некоја година беше незамисливо унгарски министер да се обрати на собир на владејачка партија во Србија. Ви благодарам за тоа“-рече Сијарто.

Својот говор го прочита на српски јазик.

Петер Сијарто беше чест гостин на изборните собири на ВМРО ДПМНЕ под водство на Никола Груевски.

Тој исто така пред падот на Груевски му даваше силна поддршка во името на унгарската владејачака партија Фидес на премиерот Виктор Орбан.

И во Македонија исто така, некои од своите говори ги читаше на македонски јазик.