При крај е изградбата на спомен обележјето и уредувањето на вечното почивалиште на Тоше Проески

Грдоначалникот на Крушево, Томе Христоски, објави неколку фотографии од спомен обележјето на гробното место на прерано починатата музичка ѕвезда од овој град, Тоше Проески.

Неговото вечно почивалиште не беше уредено цели 13 години, а се очекува да биде завршено до денот на неговото трагично загинувње.

Автор на идејното решение на гробното место на Тоше Проески е архитектот Жарко Чаушевски, познат по барокните згради од проектот „Скопје 2014“, но тој бил единствен кој се пријавил на конкурсот.

Избран е од Општина Крушево, а за ова идејно решение е консултирано и семејството на Тоше.

Владата за ова одвои десет милиони денари од буџетот.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во Хрватска.