Програмата на СДСМ е новиот документ за излез од кризата, Груевски во опозиција

СДСМ му порачува на Никола Груевски  да ја прифати реалноста и да се  подготви за опозиција и за соочување со правдата. Ова е одговорот на социјалдемократите по вчерашната најав на Груевски дека ВМРО ДПМНЕ подготвува дикумент за излез од кризата којшто мора сите апартии да го прифатат:

,,„Ние подготвуваме документ за зачувување на Македонија, тоа е политички документ кој ќе понуди начин за излегување од кризата. Преку негово прифаќање ќе се излезе од кризата, но нема да се наруши унитарноста на државата. Овој документ во текот на следната недела ќе биде понуден на сите политички партии и очекуваме од нив да го прифатат како излез од политичката криза“, изјави Груевски во интервју за К5.

Ефектите од документите на Груевски ги почувствуваа граѓаните. Но заврши тоа време за лични криминали и криминали на неговите соработници-велат во СДСМ.

,,Сега пред целата домашна и меѓународна јавност е конкретен документ зад којшто стојат околу 700.000 граѓани на Македонија.

Тоа е Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто гарантира квалитетен живот за сите граѓани независно од каква било различност, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа Програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејки му ги одзема сите лажни вести.

Никола Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали.

Тоа што тој го прави е неговата паника и хистерија пред соочувањето со одговорноста“-се вели во реакцијата на СДСМ.

Груевски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат со сите сили и на секој начин да оневозможат формирање влада предводена од СДСМ. Тие организираат протести дваесетеина дена преку неодамна формираната ,,За заедничка Македонија“. Секојдневно бомбардираат со соопштенија против Заев, СДСМ; домашни и странски непријатели, во кои сите ги обвинуваат за политичката криза во која се наоѓа Македонија. Сега прават атмосфера дека медиумите се на удар на СЈО и СДСМ и ја ,,бранат“ телевизијата на Сеад Кочан од ,,притисоци“, додека е тој во бегство за криминал направен со неговата градежна фирма Трансмет, тежок 17 милиони евра.

Документот што го најавува Груевски во очи доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е уште еден очајнички обид на Никола Груевски да се спаси од спроведување на правдата и да одговара за бројни дела сторени за време на неговиот десетгодишен премиерски мандат.

АКО.мк