Продолжува борбата за превласт во ССМ

 

Сојузот на синдикати поднесе кривична пријава против Живко Митревски, две лица вработени во Централниот регистар и в.д. директорот на институцијата- информираше со соопштение  в.д. претседателот Дарко Димовски.

Пријавата е поднесена за злоупотреба на службена должност, поттикнување и лажно пријавување на кривично дело.

 

Обвинуваат дека Живко Митревски за да не се изврши промена на овластено лице по одлуката на Советот за негово отповикување , пред Централниот регистар  поднел лажна кривична пријава против лица од Синдикатот и од Министерството за труд и социјала.

Со таквите дејствија, се вели во дописот, ги поттикнал директорот и регистраторите да не ја вршат службената должност, да не постапат по решението од Министерството од 14-ти ноември годинава.

Време е, се вели во соопштението од ССМ, Централниот регистар да си ја заврши законската обврска, со што ќе му се исклучат апаратите за вештачко дишење на Митревски и ќе се затвори оваа најцрна страница од историјата на синдикалното постоење.