Справувањето со несовесните возачи и непрописното паркирање на јавна површина продолжува и денес на локацијата кај Порта Македонија и Кеј на Вардар при што беа изречени повеќе глоби, соопшти Инспекторат на Град Скопје.

Инспекторатот денеска ги отстрани и дивите препродавачи на јавна површина пред пазарчето Буњаковец.

Просторот пред пазарчето на тротоарот и вело патеката конечно се ослободени за непречено движење на пешаците и велосипедистите.