Продолжува инвазијата на диви свињи во Белград

Деновиве Белград се соочува со инвазија од диви свињи, кои бегаат пред налетот на надојдените реки поради дождот кој паѓаше интензивно деновиве.

Водостојот на Дунав го поплави Военото острово, природен резерват на диви свињи, па овие животни во стада се видени на повеќе локации низ центарот на Белград.

Една дива свиња шеташе спокојно во еден мексикански ресторан.

Друга загина кога падна од петти спрат на катна гаража на Обилиќев венец.

Две диви свињи шетаа во Дунав на кеј во Земун. Завчера на еден од булеварите возило усмрти дива свиња…

Сплавари снимија диви свињи како пливаат низ Дунав кон Белград.

Еден вепар пак, се обидуваше да се искачи низ ѕидот на Калемегдан.

Во секој случај, ситуацијата станува сериозна, па жителите на Белград добиваат препораки како да се однесуваат ако се сретнат очи в очи со овие животни.

Ветеринарни екипи ги бркаат низ Белград, Земун и Нов Белград, каде што се видени повеќе диви свињи, сами или во стада.