Продолжува распитот на обвинителката Јанева

Четврти ден, специјалната обвинителка Катица Јанева се наоѓа на своето место во собраниската комисија за политички ситем, каде одговара на прашања на пратениците за извештајот за второто шестмесечје од нивната работа.

2%d0%ba

Минатата недела три дена по ред Јанева одговараше во не сосема пријателска атмосфера, со оглед на тензиите кои се создадоа меѓу неа и пратениците од владејачкото мнозинство.

%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b0

Третиот ден седницата беше прекината на барање на обвинителката, бидејќи здравствено не се чувствуваше добро. Иако таа замоли да се скрати оваа собраниска процедура, затоа што пратениците го имаат извештајот пред себе, очигледно тоа нема да се случи. Јанева и денеска дојде во собраниската комисија и не се знае до кога ќе трае испрашувањето од пратениците.