Продолжува судењето за „Дива населба“

Денеска продолжува судењето против 29 лица од таканаречената „Кумановска група“, обвинети за тероризам и терористичка организација, за настаните од 9 и 10 мај лани во Дива населба во Куманово.

Последното рочиште што беше закажано на 17 октомври беше одложено поради службено патување на обвинителот од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во престрелката меѓу вооружената група и полицијата загинаа осум припадници на МВР, а 40 беа потешко или полесно повредени, и беа убиени десет лица од групата.