Продолжува судскиот процес ,,Тврдина2“ против Грујовски и 6 обвинети од УБК

Судскиот процес за предметот ,,Тврдина2“ продолжува со трето подготвително рочиште. Предметот е поврзан со обвинение на СЈО за уништување документација поврзана со опремата за прислушување. Обвинението е поднесено минатата година во септември, а ос него се опфатени  поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујовски и шестмина вработени во УБК за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување. Осомничените се товарат дека  уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите. Во овој предмет Грујовски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во „Тврдина“ за уништување на системите за прислушување.