Продолжува тестирањето во фудбалските клубови, во ФК Вардар нема позитивни на КОВИД 19

По утврдените позитвни случаи на Ковид 19 во ФК Шкендија и Ренова, денеска од Синдикатот на фудбалери на Македонија известуваат дека во ФК Вардар нема позитивни .

,,Добра вест по вчерашното тестирање во ФК Вардар.Сите тестирани се негативни на Ковид 19.
Денеска мобилна екипа на Аџибадем Систина беше во Виница и изврши тестирање на ФК Слога.Нивните резултати ги очекуваме утре“-се вели во известувањето.

Завчера беше објавено дека седуммина од тестираните во фудбалските клубови Шкендија и Ренова се позитивни на тестовите за коронавирус.Не е прецизирано дали позитивните се фудбалери или вработени во клубовите.

Веднаш се прекинати тренинзите.

Со тренинзи прекинаа и други клубови од македонската лига, а само фудбалерите на Вардар и други клубови од истокот, се согласија да се подложат на тестирање за Ковид 19, додека од Шкупи и Струга Трим Љум, не се согласиле, бидејќи се сомневаат во веродостојноста на резултатите што ги врши Аџибадем Систина.

Од Систина најавија кривични пријави за овие два клуба, бидејќи со однесувањето им нанесуваат штета по угледот.

Од Шкупи објавија дека ќе се тестираат на друго место и на своја сметка, а не во акцијата што ја спроведува бесплатно Аџибадем Систина.