Прозваниот Конески молчи, одговори ВМРО ДПМНЕ

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

,,СДСМ како по обичај штом ќе зине – лаже.

За потребите на Фабриките за афери на СДСМ кои се на норма, денес дојде редот да се лаже во општина Аеродром.

За жал на СДСМ, а за среќа на граѓаните и на вистината, фактите се посилни од манипулациите на СДСМ.

Општина Аеродром максимално го штити зеленилото. На директно барање на општината дури и се отстранети од ГУП и од ДУП неколку објекти со чија изградба ќе се предизвикаше намалување на зелените површини.

Општина Аеродром не само што не дозволува да се гради во зеленилото, туку и самата подига нови зелени површини и со изградбата на 10 нови урбани паркови на површина од околу 200.000 квадратни метри го има заслужено епитетот најзелена општина во Република Македонија во која има 28 м2 зеленило по глава на жител.

Со „Денот на дрвото“, акцијата „Македонија земја на розата“ и голем број други еколошки акции во последните 4 години се насадени над 50.000 листопадни и зимзелени садници од видот платан, бреза, даб, каталпа, јасен, чемпрес, јавор, туја и други видови и цвеќиња, во соработка со заедниците на сопственици и со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Македонски шуми“.

Единствено каде што се гради во општината се локации на кои постојат веќе станбени објекти, или пак станува збор за локации во приватна сопственост.

Тоа се фактите кои манипулантите од СДСМ не сакаат да ги признаат за точни, бидејќи се навикнати да лажат со ноторни измислици и да се надеваат дека граѓаните ќе им поверуваат.

СДСМ редовно и крајно очајно се труди да злоупотребува преку најдолни манипулации различни природни појави обидувајќи се да сее магла дека ако е на власт СДСМ, нема никогаш веќе да биде ладно и да врне снег во Македонија.

Затоа СДСМ е и ќе остане опозиција.“