На свечена церемонија, министерот за внатрешни, Оливер Спасовски,  на магистрираните и дипломираните студенти на Факултет за безбедност – Скопје, им ги врачи дипломите.

,,Денешниов чин со кој се означува крајот на едукацијата на висообразуван кадар од областа на безбедноста всушност претставува заокружување на еден процес, после кој што отпочнува конкретната, практична, примена на сето она што во изминатиот период се пренело, но и акумулирало како стручна наобразба. Таквиот настан истовремено ги демонстрира заедничкото задоволство и гордост. За почитуваните професори – затоа што успеале во текот на тој процес да ги пренесат своите знаења и искуства; за дипломците и магистрантите – затоа што успешно окончале дел од академскит пат; за општеството и институциите – затоа што добиваат нов и остручен кадар којшто ќе треба професионално да се соочи со реалните предизвици“-рече Спасовски.