Промоција на делото ,,Улогата на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на економиите“ од академик Таки Фити

Утревечер, завршува Научната и уметничка визита Охрид –  2019 , што втор месец се одржува во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид.

За крај на манифестацијата, одбрана е промоцијата на најновото дело на академик Таки Фити, претседател на МАНУ: ,,Улогата на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на економиите”

Промотор на книгата е професор  д-р Владимир Филиповски, а настанот е закажан со почеток во  20,00 часот.

Книгата, на која авторот работел послениве 5-6 години, содржи негов предговор, додека темата е разработена во следните поглавја:

-СТАБИЛИЗАЦИОНАТА ФУНКЦИЈА НА ФИСКАЛНАТА И НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА;

-КРАТКОРОЧНИТЕ ФЛУКТУАЦИИ НА ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ И ПОТРЕБАТА ОД СТАБИЛИЗАЦИОНИ МАКРОЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ;

-ЕВОЛУЦИЈАТА НА МАКРОЕКОНОМСКАТА МИСЛА ЗА РЕЛАТИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА КЛУЧНИТЕ ПОЛИТИКИ – КЕЈНЗИЈАНСКО-МОНЕТАРИСТИЧКИТЕ КОНТРОВЕРЗИИ;

-НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА, СЛАВНИТЕ ТРИЕСЕТТИ И ЗЛАТНАТА ДОБА НА МАКРОЕКОНОМИЈАТА;

-КООРДИНАЦИЈАТА МЕЃУ ФИСКАЛНАТА И МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА.;

-ГОЛЕМИТЕ КРИЗИ И УЛОГАТА НА КЛУЧНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ;

 -ГОЛЕМАТА ДЕПРЕСИЈА 1929–1933 ГОДИНА И ОДГОВОРОТ НА ПОЛИТИКИТЕ;

-ГОЛЕМАТА РЕЦЕСИЈА 2007–2009 ГОДИНА И ОДГОВОРОТ НА ПОЛИТИКИТЕ;

-СУМИРАЊЕ НА ИСКУСТВАТА ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ФИСКАЛНАТА И НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ЗА ВРЕМЕ НА ГОЛЕМИТЕ КРИЗИ;

-ОГРАНИЧУВАЊАТА НА СТАБИЛИЗАЦИОНИТЕ ПОЛИТИКИ;

 -ОПШТИ СОГЛЕДУВАЊА НА НОВОКЛАСИЧАРСКИТЕ КОНЦЕПТИ ЗА (НЕ)ЕФИКАСНОСТА НА ПОЛИТИКИТЕ;

-ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ЗА ЕФЕКТИТЕ И ОГРАНИчУвАњАТА НА ПОЛИТИКИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА;

-ШТО СЕ ПРОМЕНИ ВО СФЕРАТА НА ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО СОвРЕМЕНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА;

-УЛОГАТА НА ФИСКАЛНАТА И НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ВО СТАБИЛИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА;

-ОПШТИ СОГЛЕДУВАЊА СТАБИЛИЗАЦИОНАТА ФУНКЦИЈА НА МОНЕТАРНАТА И НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА ВО ПРВАТА ДЕКАДА НА ТРАНЗИЦИЈАТА (1990–200) И

-РЕАКЦИЈА (ОДГОВОР) НА КЛУЧНИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ПОСТКРИЗНИОТ ПЕРИОД.

Модерната макроекономска наука е силно фокусирана врз истражувањето на овој феномен и врз изнаоѓањето ефикасни решенија за негово надминување, или барем  за негово ублажување – ова особено поради фактот што постојат сериозни студии кои упатуваат дека во иднина епизодите на ZLB ќе бидат почести. Но, засега, нема ефикасни решенија за овој проблем. Прашањата што беа нотирано претходно поопстојно се анализирани во овој труд и, особено, во контекст на она што е ново во овој труд, т.е. на сосредоточеноста на ова истражување врз поставеноста, функционирањето и ефикасноста/неефикасноста на фискалната и на монетарната политика во услови на големи кризи – Големата депресија 1929–1933 година и Големата рецесија 2007–2009 година.

,,Целта ми е на овој начин да й ги презентирам на нашата научна и стручна јавност поновите информации за феноменологијата на големите кризи, посебно за епизодите на ZLB, причините за нивното настанување, последиците од нивната појава, досегашните искуства од одговорот на политиките на состојбата на ликвидносна стапица, сугестиите што доаѓаат од најеминентните економски умови за разрешување на проблемот и сл. Во трудов е даден и сублимиран приказ за значењето на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на македонската економија. Верувам дека трудов ќе им биде од корист на студентите по економија, особено на постдипломците и докторандите, но и на вработените во банките и на креаторите на клучните политики кај нас“, пишува во предговорт, академик Таки Фити.

Веле Митаноски