Промоција на „Сиво сјаат вселените“ од Стефан Марковски

На 22 декември (четврток) во 19 часот во реновираниот простор на сутеренот на Домот на градежниците ќе се оддржи промоцијата на четвртата поетска збирка на Стефан Марковски – ,,Сиво сјаат вселените,,.

Стихозбирката со која овој автор ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016-та, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст има 85 страници, а дизајнот на корицата е на Ерина Поплавска.

Поетската книга е осма по ред во едицијата „Бели мугри“ во издание на Домот на култура, а нејзиното објавување е финансиски помогнато од Град Скопје.

„Сиво сјаат вселените“ содржи 23 песни поделени во 7 циклуси. Таа е втората поетска книга на Марковски објавена годинава, по In Nomine („Македонска Реч“, 2016).