Пронајдени двете слепи хаски на обвинителката Ристоска

Двете хаски Астра и Зоне на обвинителката Ленче Ристоска, кои изминатата ноќ беа украдени од дворот на семејната куќа во Лешок се пронајдени и вратени дома. Ристоска утрината објави дека двете хаски не може да преживеат без инсулин бидејќи имаат шеќерна болест и се слепи.

По неколку часа соседот Самет ја врати Зоне, а сега и Јована ја пронајде Астра.. И двете хаски се вратија во својот дом.

,,Астра е дома благодарение на Јована!Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни! Голем поздрав до сите од моите девојки!“-напиша на својот Фб профил обвинителката Ристоска.