Претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ, објави дека се пронајдени две фотелји кои биле украдени за време на демонстрациите на 5 октомври 2000 година, кога беше симнат од власт Слободан Милошевиќ.

Таа стоеше крај овие фотелји и рече дека ќе продолжи да трага по украдениот имот на Собранието на Србија.

 

Гојковиќ кажа дека за време на демонстрациите, кога демонстранти упаднаа и ја зазедоа зградата на Парламентот, изнесени се бројни уметнички дела и други вредни предмети за кои се уште се трага.

Една од фотелјите била пронајдена за време на полициска рација, а другата на сајт за купопродажба на стари предмети.

Извор:РТС