Пронајдени се ГМО во кочански ориз и во соја од Србија

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атансов, на прес конференција соопшти дека при контрола за квалитет на храната и присуство на Генетски модифицирани организми, забележано е присуство во два производа, и тоа во кочански ориз и соја увезена од Србија.

Производителот на оризот е соодветно казнет, а сега се истражува од каде е набавено семето , бидејќи е утврдено дека ГМО потекнува од таму.

Производите со сојата увезена од Србија се повлечени од продажба, а исто така дистрибутерот и увезувач ,,Виталија“ е соодветно казнет.

Кај 5 дистрибутери на месо е утврдено дека продавале готово и обликувано мелено месо спротивно на декларацијата. Во составот при контролата е утврдено дека покрај говедското и свинското месо , имало и мелено месо од живина.

Атанасов најави засилена контрола на квалитетот на храната и на присуство на ГМО во неа.