Пронајдени 39 тела во Англија во бугарски камион

39 тела се пронајдени во камион во индустриска област Есекс, Англија, соопшти британската полиција.

25-годишен маж од Северна Ирска е уапсен под сомнение за масовно убиство.

Властите соопштија дека се во процес на идентификување на жртвите.

Локалната полиција објасни дека жртвите биле пронајдени во индустрискиот парк Ватерглад во Грејс. Пронајдени се телата на еден тинејџер и 38 возрасни.

Камионот е пронајден рано утрината по сле полноќ, по претходна пријава во полиција.

Ендру Маринер од британската полицијата изјави дека камионот бил со потекло од Бугарија.

,,Веруваме дека камионот е од Бугарија и е влезен во земјата на 19 октомври. Ние работиме тесно со нашите партнери за да го испитаме случајот“, рече Маринер.

Тој додаде дека го уапсиле возачот на камионот во врска со инцидентот.

Се врши интензивна истрага, а полицијата најави нови детали за оваа голема трагедија.