Пронајдено е телото на девојчето кое падна во Вардар кај Гостивар

Порталот Гостивар прес објави дека вечерва е пронајдено мртво 17 годишно девојче кое попладнето падна во водите на реката Вардар крај Гостивар.

Телото го пронашле локални жители кои заедно со полицијата трагаа по исчезнатата малолетна девојка.