Пронајдено телото на исчезнатиот актер Чарлс Левин

Остатоци од телото на 70 годишниот холивудски глумец, Чарлс Левин, се пронајдени во пошироката област на Орегон, објави Дејлимејл.

Актерот беше пријавен од својот син за исчезнат на 8 јули.

Чарли Левин играл повеќе улоги во холивудските серии, како што се познатата комедија ,,Сејнфелд” и серијата ,,Ноќен суд”.

Левин секогаш бил во друштво на своето куче.

Откако беше лоциран неговиот мобилен телефон, од петокот беше стеснета областа за барање, а два дена подоцна е пронајдено неговото тело.

Како што известуваат странски медиуми, на напуштен пат се пронајдени мртви и кучето и глумецот.