Камион пропадна на плоштадот Македонија, непосредно пред доаѓањето на ракометарите на Вардар, кадешто се подготвува голем пречек заради освојувањето на Купот на шампиони во ракомет.

Плоштадот неколку пати раскопуван и поплочуван заради разните градежни зафати последните години, е често користен како сообраќајници, место да биде само пешачка зона. На местото кадешто пропадна камионот се наоѓа и т.н. сува фонтана, која дополнително беше поставувана откако веќе еднаш заврши поплочувањето.

Фото:ФБ