Пропадна референдумот во Унгарија

Според првите резултати од пребројувањето, референдумот во Унгарија за гласање против мигрантските квоти што ги наметна ЕУ, не успеа заради излезност помала од потребната. Имено, на гласање излегле помалку од 50 проценти,односно 45 проценти од гласачите.

Но, од оние што гласаа, 95 проценти се изјасниле против мигрантски квоти во нивната земја.

Иако референдумот е неважечки, Золтан Ковач висок функционер на унгарската влада одржа победнички говор, во кој истакна дека граѓаните јасно им дале мандат и натаму да делуваат исто како и досега во справувањето со мигрантската криза.