Прославениот руски историчар Олег Соколов одговара за сурово убиство на 24 годишната љубовница(видео)

Пред судот во Санкт Петербург денеска се појави прославениот руски историчар, експерт за Наполеон Бонапарта и академик, 63 годишниот Олег Соколов.

Тој е обвинет за сурово убиство на неговата поранешна студентка и долгогодишна љубовница, Анастасија Јешченко.

Соколов, инаку професор на државниот универзитет во СП, беше уапсен во момент кога сакал да се ослободи од ранецот во реката Моика, во кој биле отсечените раце на Анастасија и други делови од телото, пренесува државната руска агенција ТАСС.

Фото: АП