Простачки и непримерни закани на Твитер од Филип Петровски

Актуелниот директор на Државен архив на Република Македонија Филип Петровски, на својот Твитер налог објави коментар со непримерна содржина, полн со омраза, омаловажување и закани.

15219440_1738097503184202_1890856089916751466_n

Всушност, целиот негов Твитер налог е исполнет со објави со негативна, хушкачка и полна со омраза и закани реторика:

Филип Петровски ‏@filippetrovski 7h7 hours ago
@Ladybug1490 доаѓа ќосето вечер. Има пискотници да се слушаат. Две ипол години го малтретирате цел народ. На врата ќе ви ѕвони.

Филип Петровски е директор на Државен архив од мај 2015 година. Во тој период се случи преселбата на целата архивска граѓа од наменската зграда која ја користеше оваа институција од шеесетите години на минатиот век до неодамна, кога целата инсталација се искорна за да се подготви зградата за Јавно обвинителство.

Историчарката и професорка проф.д-р Катерина Тодороска водеше борба и повикуваше да не се уништува нешто што е создавано со години. Таа укажуваше дека новите простории во зградата на Археолошки музеј не се соодветни ниту за чување на архивската граѓа, ниту за користење од страна на научните работници.

Последниот скандалозен твит на Петровски, Тодороска го искоментира со зборовите:

,,Многупати пишував за злосторството што се прави врз македонското национално богатство во Државниот архив на РМ.
Ама сега гледам дека тоа ним, на патриотите ништо не им значело. Тие имале приоритети,,-ФБ статус на Катерина Тодороска.

АКО.МК актуелно-објективно