Протестен меморандум на State Department против одлуката на Трамп

Околу 900 вработени во американскиот Стејт Департмент потпишале интерен протестен меморандум во кој го изразуваат своето незадоволство и несогласување со уредбата на претседателот Доналд Трамп за имиграциските прашања и забрана за влез во САД на државјани од 7 муслимански земји.

Ројтерс објави дека документот кој е предаден на в.д. државен секретар Том Шенон по пат на интерен протестен канал, кој е предвиден за изразување незадоволство со некоја политичка мерка на претседателот на САД.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјавил дека е запознат со постоење на такво писмо и потенцирал дека дипломатите од кариера може да ја следат политиката на Трамп или да си одат.

Во документот вработените во американското министерство за надворешни работи наведуваат дека со таквата политика претседателот го ризикува угледот на Америка и безбедноста на сите нејзини граѓани, но поттикнува и антиамериканско расположение низ светот.

 

АКО.мк,агенции,ројтерс