Протестите против Трамп станаа насилни

 

 

Масовни демонстранции се случуваат во САД заради победата на Доналд Трамп на претседателските избори. За првпат тие стануваат насилни.

Во Орегон, дојде до дивеење низ улиците , по што полицијата уапси неколку лица.

Како што пренесува АП, демонстратите започнале да кршат прозорци и да ги палат контејнерите.

Повеќе од 4000 демонстранти околу полноќ почнаа да ја гаѓаат полицијата со разни предмети, а таа одговори со  еден вид на чадни бомби.

 

 

Доналд Трамп на својот твитер профил напиша дека однесувањето на демонстрантите е нефер и непрофесионално, а дека ги поттикнуваат медиумите.