Протести и контрапротести во Србија

Пред зградата на Влада на Србија се одржаа два собири, протест и контрапротест-известуваат медиумите од соседството.

Едниот, протестот е во организација на воениот и полиоцискиот синдикат, а другиот контрапротест, во организација на Здружение на воени инвалиди и сите борци од војните од 1990 година наваму.

Синдикатот бара подобрување на условите на работа и поголеми плати.

Тие направија изложба од слики на кои е прикажано во какви услови работат и каква опрема носат. Тие бараат средба со премиерот Александар Вучиќ за да му ги покажат фотографиите и да разговараат за подобрување на условите.

Но, Министерот за полиција Небојша Стефановиќ веќе објави дека нема да се преговара, бидејќи сега имаат многу подобри услови за работа од порано, а пари за поголеми плати нема.

Од другата страна на улицата контрапротестираа воените ветерани.

skup

Тие ги критикуваа Синдикатите кои го организираат протестот и им порачаа дека бараат преку леб погача. Патем, ја фалеа владата и премиерот Вучиќ дека направиле за војската и полицијата како никој досега.

Министерот Стефановиќ им порача на незадоволните војници и полицајци дека е срамота љубовта кон татковината да ја искажуваат преку барање поголема дневница. Стефановиќ смета дека патриотизам е безусловна љубов кон државата која треба да се брани без оглед на висината на платата, бидејќи тоа треба да им претставува посебна чест.