Протест во Битола на Независниот полициски синдикат за поддршка на двајцата суспендирани колеги

Двајцата полицајци од Битола кои завршија со суспензија да се вратат на работа, а понатаму институциите, како што се Одделот за внатрешна контрола, Јавното обвинителство и судовите да донесат соодветна одлука заснована на факти, побара Независниот синдикат на полицијата на денешниот мото протест во Битола, известува порталот апла.мк.

Припадници на Независниот полициски синдикат со возила на кои се вееја македонски знамиња, свирејќи, два часа вртеа низ битолските улици барајќи надлежните да ја преиспитаат одлуката за супсензија на двајцата полицајци од Битола. Тие беа инволвирани во настанот од пред десетина дена кога едниот од нив истепа битолчанец од ромска етничка припадност откако со возило удри во електричен столб кај Поштата во Битола, а другиот не презеде мерки за да го спречи насилството.

Гоце Делчев Тодев претседател на Независниот синдикат на полицијата побара институции при донесувањето на конечната одлука да ги земат предвид сите факти, па и втората снимка која излезе на социјалните мрежи на која, како што рече, се гледа дека едно од лицата се дрзнало да влезе во конфликт со полицијата.

„Според наше видување постапувале соодветно, односно законски, станува збор за лице кое влегува конфликт со полициски службеник на кој условно кажано му оди преку глава цела ситуација и моментот во кој се наоѓа. А психолошки влијае врз него и тоа што околу него се појавува поголема група на граѓани и мора да се земат предвид сите факти. Осудата за нив значи и осуда на нивните семејства“ рече Делчев Тодев.

Извор и фото:

apla.mk