Противпожарен аларм го прекина говорот на Ѓорге Иванов во Мелбурн(видео)

Поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов, со семејството, сопругата Маја и синот Иван, се наоѓаат во посета на македонските иселеници во Австралија.

Тој е таму на покана на The Macedonian Community Welfare Association (MCWA)  – Македонска добротворна организација, која пред два дена организираше гала вечера со Ѓорге Иванов.

Како што известува порталот Фаланга од Австралија, по рутинската проверка, сите се вратиле во салата, а Иванов го продолжил говорот.

Инаку, на гала вечерата со Иванови можеа да присуствуваат сите со купени влезници.

Собраните средства, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, информираат организаторите.

АКО.мк