Против шовинизмот на г-ѓа Груевска-Маџоска

Пишува: Ардита Абдули

 

,,Драга професорке“, иако не сакам да паднам на твоето ниво, и на ист начин да Ви одговорам на Вашите написи кои содржат дух на омраза кон Албанците, сепак не можам да молчам и ќе Ви ги кажам вистинските аргументи што и Вие ги знаете, но не сакате да признаете.

Професорке, со толку научни достигнувања и титули, зошто имате толку шовинизам кон Албанците? Со колкав национализам зборувате, кога се обидувате да ги опишете законите и етничките групи?

Според Вас, Албанците ги повредуваат законите само затоа што го зборуваат својот мајчин јазик или поради натписите на институциите кои се напишани и на албански?

Ви сугерирам да ги земете како пример европските држави, како што се Белгија, каде има три официјални јазици, Норвешка, исто така со три официјални јазици, Холандија со три официјални јазици и така натаму. Но, на Вас толку многу Ви пречи албанскиот јазик да биде официјален, бидејќи се водите од фактот дека Албанците се малцинство во оваа држава.

,,Драга професорке“, дали знаете Вие која нација беше мнозинство на оваа територија во времето кога Македонија се уште не била формирана како држава? Признајте си себеси и кажете им на другите кои мислат како Вас, на кој јазик се зборуваше во Охрид, во Куманово и кој народ беше мнозинство во овие краишта: Македонците или Албанците?

Професорке, сега е моментот да Ве прашам дали знаете каков е Вашиот идентитет? Бугарски, словенски, грчки или што? Или уште не сте се симнале од планина?

Зошто покажавте толку шовинизам кон албанскиот јазик, ,,драга професорке“, или ви е тешко затоа што знаете дека еден од најстарите јазици во Европа е токму албанскиот и тогаш кога македонскиот јазик не постоел никаде?

,,Драга професорке“, сега е 21 век, знаеш ли дека со ваков декадентен национализам и шовинизам , немате ниту грам вредност како професор, а камо ли како човек?

Професорке, јас сум Ардита, социолог по професија и професорка во таа институција што Вие ја нарекувате ,,нелегален Универзитет“. Според Вас, против кој закон работи овој Универзитет? И кој закон беше повреден од страна на албанскиот народ и од самата власт за да биде формиран овој Универзитет?

Сега ќе Ви кажам дека овој Универзитет со толку малку години постоење е пример за професионални кадри и вредности кои не можете да ги најдете ниту на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

И за тоа сведочат и македонските студенти кои студираат на овој Универзитет. Да знаете професорке, Албанците во оваа држава придонесуваат за научни и хуманитарни вредности. Се надевам дека некогаш ги имате изговорено во позитивна смисла имињата на Мајка Тереза и Ферид Мурад. Ве прашувам Вас професорке, со која историска личност се гордеете? Знам, сигурно со Ќосето!!!

,,Драга професорке“, Вие никогаш ништо не изгубивте од албанските студенти во времето за кое зборувате. Албанските студенти беа жртви во времето на вашата младост. Дали го паметите времето кога на Универзитетот ,,Св, Кирил и Методиј“, во Скопје, од вкупно 100 студенти на една студиска година се примаа само тројца Албанци?

Дали го паметите времето кога албанските студенти учеа и знаеа за десетка , а добивале седумка во индекс од вашите колеги и професори, само затоа што беа Албанци, притоа навредувајќи ги по етничка основа?

,,Драга професорке“, мислам дека знаете која е етиката на еден наставник. Прашајте ги  вашите колеги професори кои мислат како Вас, и кои во времињата назад ги навредувале студентите Албанци, дали имаат грижа на совест?

Нека кажат јавно македонските студенти кои студираат на Тетовски Универзитет, како се третирани од нивните професори Албанци?

Професорке, Вие дали ја знаете политичката реалност во оваа земја? Дали знаете реално која е пропорцијата на вработени во државната администрација? Дали воопшто знаете што зборувате? Или од тоа шовинистичко чувство што го имате, го кажувате спротивното од реалноста.

Изгледате многу чудна(ќе се потрудам да одржам ниво на комуникација) во Вашите зборови, а верувам дека и многу Македонци сега се смејат со вашите констатации.

,,Драга професорке“, иако сакате да ја потцените албанската жена заради недостиг на образование, ви укажувам дека за времето за кое зборувате, албанската жена беше многу поеманципирана од Вас и многу слични како вас со вакви нацистички убедувања. Албанската жена била посветена на семејството и негова егзистенција, и баш од тие жени се произлезени познати личности во научната сфера и во културата.

Професорке, Вие кажувате дека Македонија им понуди гостопримство на Албанците од Косово. Кажи ми едно македонско семејство што засолнило барем еден бегалец од Косово? А дали знаете, а верувам дека знаете, која беше целта на Киро Глигоров во тоа време , не само за косовските бегалци, туку и за сите Албанци во земјата?

За крај професорке, морам да Ви кажам затоа што сме во иста професија, со толкава омраза кон Албанците, не заслужувате  да ве викаат ,,професорка“. Жал ми е за тие студенти кои се жртва и се принудени да ги слушаат вашите предавања без правда, без љубов и без вредност.

Вие сте една многу ниска личност.

П.С им се извинувам на сите македонски читатели за ненамерните граматички грешки при пишувањето.

Dr.sc. Ardita Abduli, Filozofski Fakultet

Univerzitet vo Tetovo

(АКО.мк направи јазична лектура на текстот на Ардита Абдули со нејзина дозвола)

 

АКО.мк