Косовскиот претседател ,Хашим Тачи, се избори за почесно место на одбележувањето на 100 години од завршувањето на Првата светска војна. Тој седеше во почесната ложа , веднаш зад претседателите и шефови на влади на Франција, САД, Германија, Русија…

За разлика од него, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, чија земја како победник во оваа војна има дадено 1.100.000 воени и цивилни жртви, седеше во вториот ред од спротивната ложа.

Таму беше сместен и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој беше видно нерасположен, а Турција најави и дека ќе бара објаснување за овој третман.

(Германија и Турција се земјите кои бе поразени во Првата светска војна, но распоредот на седење немаше никакво симболично значење или пак беше правен според заслугите во оваа војна)

 

Покрај реакцијата на Србија, објаснување за протоколарниот скандал ќе бараат Турција, Русија и Ирска.

Српскиот претседател , Александар Вучиќ, изјави дека е несфатливо ваквото однесување на Франција, а објаснувањето дека станува збор само за азбучен редослед неприфатливо и невистинито.

,,Не можам да го прифатам ова објаснување, бидејќи во  моја близина беше Летонија , на пример, а Л и С не се блиску ниту како букви во азбуката“-рече Вучиќ.

Србија реагираше уште при истакнувањето на знамето на Косово веднаш до српското, но Франција одби да разговара за ова прашање , иако немаше објаснување што бара Косово таму, кога во периодот на Првата светска војна воопшто не постоело ниту како држава, а не пак да има некаква улога или учество во тој историски настан.

Вучиќ призна дека во еден момент размислувал да ја напушти церемонијата, дека цело време гледал во земја или во екраните наоколу, не можејќи да го гледа тоа пред себе од спротивната страна. Но, како што вели, сепак одлучил емоциите да ги тргне на страна и да ја претстави Србија во најдобро светло.

За разлика од него, Хашим Тачи беше расположен, седеше веднаш зад Путин и беше постојано во телевизиакиот кадар од преносот на церемонијата.

 

Српскиот претседател исто така, откри дека Путин му свртел грб на Тачи и практично одбил да се ракува со него.

 

Историски факти за Прва светска војна