Проф.д-р Тодороска: Чекајќи го белиот чад од Водно, ја оставате Македонија во црнила

 

,,Сакајќи да покажат дека државата почнува со нив, некои дечиња си напишаа килав Закон за високо образование, уште покилав Закон за научно-истражувачка дејност и најкилав Закон за издавачка дејност.
Сите закони, помалку или повеќе, се однесуваат на оние чија работа се образованието и науката.
Во еден од тие килави писанија има и член дека: ПРОФЕСОР ВО ПЕНЗИЈА НЕМА ПРАВО ДА БИДЕ МЕНТОР НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Но, може да биде ментор на докторски труд. И, нормално неколкумина реагиравме на нелогичноста од неколку причини.
Прво, како може на пензиониран професор да му ја одземете можноста да помогне во оформување на сериозен кадар од почеток (т.е. од магистрирање) до докторирање?
Второ, што ќе правиме со студентите кои имаат соработка со пензиониран професор во смисла на договарање на тема, изработка на тези, собирање на документација и литература и???
Нов Закон. Килав Закон.


Е поради тој КИЛАВ Закон, јас сега читам магистерска во ФОРМА на ментор која се однесува на црковна историја. Кандидатот „го наследив“ од колега кој се пензионира. А зошто се нафатив? Затоа што во ИНИ се договоривме да не дозволиме поради КИЛАВИ Закони да страдаат нашите кандидати, и затоа што јас имам во фамилијата човек кој е исклучителен познавач на црковната историја па сесрдно ми помогна.


Сума сумарум, формирајте Влада вие кои добивте довербата дека сте кадарни да ја извадите Македонија од тињата во која со години се гуши поради некадарни нарциси.
И именувајте САГЛАМ човек за министер за образование и наука.
Чекајќи го белиот чад од Водно, ја оставате Македонија во црнила.”

ФБ статус на проф.д-р Катерина Тодороска , виш научен советник во Институт за национална историја