Проѕирна игра:Зврлевски соопштува постапка за изборни измами, ВМРО ДПМНЕ го обелоденува сторителот

Еден ден по соопштението што го објави Основно јавно обвинителство во кое информираше дека води постапка за изборни измами на поранешни функционери на МВР, ВМРО ДПМНЕ на прес конференција зборуваше за ,,криминалниот начин на функционирање на СДСМ кој беше практикуван  за време на изборите“.

Во Куманово и во Струмица, СДСМ беше фатен жив како се обидува криминално да купи гласови-рече Орце Ѓеорѓиевски. Полицијата регистрираше слични случаи и во источна Македонија.

Секаде каде што СДСМ беше жив фатен во криминал, структурите на аболицираниот криминалец Заев се обидоа да ја попречат правдата.

Органите на прогонот не смеат да подлегнуваат на притисоците кои ги гледаше целата јавност.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово-рече Ѓеорѓиевски.

Завчера, Основно јавно обвинителство соопшти дека  спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица. Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.