Бизарна случка вознемири двајца гости кои седеа и разговараа во едно кафуле во црногорскиот град Никшиќ. Имено, во еден момент пукна стакло од големиот аквариум што се наоѓа зад нивната маса, а сето тоа беше регистрирано од безбедносната камера.

Како што пренесува црногорскиот портал, Антена М, инцидентот се случил во тукшто реновирано кафуле.