Хрватскиот државјанин со српско етничко потекло, Милорад Пуповац, претседател на Самостојната демократска српска партија во Хрватска, изборната кампања ја стартуваше со необични пораки и видео спотови насловени ,,Пупи е виновен за сѐ“.

Тој себеси се ,,обвинува“ за сите несреќи на Хрватите, за сите војни на хрватска територија, прогони и убиства, за корона вирусот и 5Г технологијата, за Бил Гејтс и вакцината. Тој има пакт со Бил Гејтс за чипирање на Хрватите…

Милорад Пуповац долги години е на политичката сцена во Хрватска, беше пратеник и ги застапува правата на српското малцинство.