Претседателот на Русија, Владимир Путин го одликуваше српскиот глумец, Милош Биковиќ, со наградата ,,Медал на Пушкин“.

Наградите и медалите беа врачени на Денот на народното единство на Русија.

Оваа награда се доделува за придонес во областа на културата, книжевноста, уметноста и литературата.

Биковиќ последните години е често во Русија, а играше во повеќе руски филмови и серии, меѓу кои и во популарната Кујна. Сега снима руски филм за Косово, под наслов ,,На балканска линија“.