Путин и Ердоган заедно на енергетски конгрес во Истанбул

Рускиот Претседател Владимир Путин и турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган заедно се појавија на Светскиот енергетски конгрес што се одржува во Истанбул.

Ова е втора нивна средба по заладување на односите лани, кога беше соборен руски воен авион од воздушните сили на Турција. Претходно Ердоган ја посети Москва.

Во Истанбул двајцата претседатели ќе имаат билатерални разговори на важни геополитички теми.

Во овој момент одржуваат заедничка прес конференција.