Путин и Ердоган постигнаа договор за примирје во Сирија

По денешните неколкучасовни разговори во Москва меѓу рускиот претседател, Владимир Путин и турскиот, Реџеп Ердоган, руските медиуми објавија дека е постигнат договор за деескалација на судирите во сириската покраина Идлиб.

Ердоган и Путин потпишале Договор за Сирија кој е напишан на турски, руски и на англиски јазик.

Договорен е прекин на огнот, кој ќе трае 7 дена, објавено е на конференција за новинарите.

Овој договор стапува на сила на 6 март на полноќ.

Двајцата лидери се договориле за воспоставување на безбедносен коридор во Идлиб, шест километри северно и исто толку јужно од стратешки важниот автопат М4, на која, почнувајќи од 15 март, руските и турските сили заедно ќе патролираат.

Ердоган изјави дека често имаат различни ставови со Москва за ситуацијата во Сирија, но на крајот секогаш наоѓаат заеднички јазик заради општото добро.