Путин наредил кампања за влијание врз претседателските избори во Америка

Новообјавени делови оод извештите на американските разузнаваќки служби од кои е симната ознаката за доверливост, говорат дека рускиот претседател Владимир Путин во очи претседателските избори во САД наредил кампања за влијание на резултатите на претседателските избори.

Американските разузнавачи јавно ја објавија верзијата за овие настани, содржина на 25 страници, откако претходно за содржината го известиле идниот претседател Доналд Трамп и главните конгресмени и сето тоа во духот на доверливост.

Во извештајот се наведува дека руските напори да влијаат на изборите се со јасна цел да се поткопа долгогодишниот демократски поредок на Америка, а обемот на руските операции бил многу погелм во однос на сите претходни во Америка.

Руската Влада имала јасна наклоност кон Доналд Трамп и спроведените мерки на разузнавачите од руска страна, како и сите активности на сајбер просторот биле да се влијае врз американската јавност и да се оцрни колку што може повеќе демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Откако го видел извештајот на американската разузнавачка служба, Доналд Трамп рекол дека е возможно руската страна да ги хакирала мејловите на Клинтон, но сепак тврдел дека тоа немало никакво влијание врз резултатите на изборите.

Двочасовниот разговор со разузнавачите Трамп го оцени како конструктивен и најави дека неговата Влада во првите 90 дена ќе разработи сериозен план за да ги оневозможат во иднина сјабер нападите.

Извор: Агенции