Работници на ,,Трансмет“ донесени да протестираат пред Апелација

Работници на ,,Трансмет“ во сопственост на Сеад Кочан за кој се води постапка во СЈО и се очекува одлука на Апелациски суд за одредување мерка притвор, беа донесени да протестираат пред судот. Тие, заедно со други вработени во неговите фирми, но и претставници на бошњачката заедница, побараа од судот да пресуди во корист на Кочан. Против притворот на сопственикот на ТВНова протестирале и некои новинари, кои во барањето за притвор гледаат обид за ,,замолчување на медиумот“.

Најинтересно е тоа што адвокатот на Кочан на отворената седница на Апелациски суд кој решава по нивната жалба за одредување 30-дневен притвор, образложуваше дека Сеад Кочан не е веќе сопственик на ,,Трансмет„, а обидот да се затвори тој зад решетки е со цел замолчување на неговиот медиум Тв Нова.

АКО.мк