Давид Манојан е десеттото засилување на Работнички во овој зимски преоден рок, откако „романтичарите“ го договорија и доаѓањето на овој 28-годишен играч, кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска.

Ерменецот потпиша договор на една година и ќе му се стави на располагање на тренерот Тасевски, обидувајќи се експресно да се наметне за место во тимот за вториот дел од сезоната.

Ерменскиот интернационалец доаѓа од полскиот второлигаш Сандецја, а претходно има настапувано за Алашкерт и за кипарскиот прволигаш Неа Саламис.