Ноќеска, во раните утрински часови, во Сплит, вандал ја урнал бистата на народниот херој, партизанот Раде Кончар.
Како што јавуваат далматинските медиуми, а потврдува полицијата, постаментот заедно со бистата му паднале на нозете на лицето што ги осквернавил.
Со тешки повреди, машко лице е пренесено во болница, каде е констатирано дека му е скршена десната нога.