Раде Шербеџија не можеше да се смири на комеморацијата за Милена Дравиќ

Во Алејата на великаните, покрај нејзиниот Драган Николиќ, денеска е погребана големата  и една од најдобрите глумици на сите времиња на овие простори, Милена Дравиќ.

Нејзините колеги се простија на емотивната комеморација, на која со звуците на песната ,,Милена“ од Арсен Дедиќ и долготраен аплауз, ѝ искажаа голема почит и жалење.

Раде Шербеџија беше потполно скршен и не можеше да се смири, плачеше и едвај стоеше на нозе:

Со Милена се простија нејзините помлади колеги , но и оние со кои таа го одеше патот во незаменливата југословенска кинематографија.

Милена Дравиќ почина на 79 годишна возраст по тешко боледување, неполни две години по смртта на нејзиниот животен и професионален сопатник, Драган Николиќ.