Радијацијата во Фукушима го уби и роботот

Нивото на радијација во еден од реакторите во јапонската нуклеарна централа, кое е највисоко од катастрофата во 2011, го уништи роботот кој беше поставен да изврши прелиминарно чистење, пред да влезат екипи специјалисти за вакви задачи.

Компанијата ,,Тепко“ соопшти дека само по два часа работа, роботот едноставно колабирал, камерите се исклучиле, а се слушнала и силна бучава.

Тепко информира дека роботот бил изложен на таква радијациј, чија концентрација моментално би можела да усмрти човек.

Јапонската Влада се бори со последиците од катастрофата во 2011 кога цунами ја уништи и оштети најголемата јапонска нуклеарна централа.