Најмалку тројца загинати и над 150 повредени е трагичниот биланс од силниот земјотрес што ја погоди изминатата ноќ Албанија.

Земјотресот со јачина од 6,6степени се случи неколку минути пред 4 часот.

Епицентарот се наоѓа на 30 километри од Тирана, во морската длабочина кај пристаништето Драч, каде има најголеми последици, човечки жртви и повредени.

Целосно е урната една петкатна зграда од каде спувачите извадија едно дете.

Според досегашните податоци целосно е уништена уште една зграда, а разурнати се голем број куќи и други станбени објекти.

По земјотресот , албанските и регионалните медиуми, објавија бројни приватни видео материјали од последиците од земјотресот.

Според непотврдени информации, и во Тирана има најмалку 50 повредени граѓани.

Премиерот Еди Рама пристигна во Драч.

Земјотресот силно се почувствува и во Македонија, Србија, Црна Гора и пошироко во регионот.